Потенцијалните купувачи на Јунајтед имаат рок да ги достават понудите

160

Потенцијалните идни купувачи на Манчестер Јунајтед имаат рок од десет дена да ги достават своите нови понуди. Терминот ќе почне да тече откако ќе завршат последните средби со претставници на инвеститорите кои успешно ја поминаа првата фаза. Денеска на „Олд Трафорд“ се очекува да пристигне делегација од Катар, од каде што доаѓа е еден од фаворитите за купување на 20-кратниот шампион на Англија. Во петок на ред е тимот на другиот главен кандидат, Сер Џим Ретклиф. Тие ќе се сретнат со членови на различни сектори, вклучително фудбал, финансии и комерцијала, а потоа ќе извршат и инспекција на стадионот и тренинг центарот, на кои исто така им треба сериозна инвестиција.

На двата потенцијални купувачи ќе им бидат претставени независни проценки за вредноста на евентуална реконструкција на стадионот или нова градба. Откако ќе ги дознаат сите овие информации, потенцијалните купувачи ќе бидат поканети од американската банка „Rain Group“, која го води целиот процес во име на семејството Глејзер, да ги чуе нивните понуди. Банката потоа ќе се консултира со сегашните сопственици пред да ја избере најдобрата понуда. Кандидатот кој ќе биде избран ќе добие целосен пристап до клупското сметководство. Двете страни потоа може да преговараат понатаму за да постигнат евентуален договор, кој може или не може да се постигне.

Во моментов е познато дека шеикот Џасим бин Хамад Ал Тани сака да го стекне целосниот пакет акции, додека понудата на Сер Џим Рактлиф е за 69%, колку што е уделот на семејството Глејзер. Се вели дека во наддавањето учествуваат и двајца други американски понудувачи. Освен што ќе се разговара за целосна продажба на клубот, ќе се разгледа и можноста за делумни инвестиции, а голема е веројатноста дека резултатот од целата процедура ќе биде токму таков и семејството Глејзер ќе остане во Манчестер Јунајтед.

 

ПретходноЛК – 1/8 финале (реванши): Можат ли Тричко и АЕК Ларнака до чудо во Лондон!
СледноФановите на ПСЖ спремаат протести против Меси: Да си одиш!