Анри одбил селекторска позиција

258

Поранешниот фудбалер на Арсенал и на Франција, Тиери Анри одбил да биде селектор на женската фудбалска репрезентација на Франција, пренесува „Ле Фигаро“.

Фудбалската федерација му ја понудила работата на 45-годишниот Французин откако тој се повлече од позицијата асистент во белгиската репрезентација по отказот на Роберто Мартинез и ангажманот на Доменико Тедеско.

Анри ја одбил позицијата, па во трката останаа Жозелин Гурвенек, Жерар Пресер и Ерв Ренар.

Инаку летоска Франција ќе игра на женското СП во фудбал. Затоа ФФ сака што поскоро да го реши прашањето околу селекторот за тој да има време да состави квалитетна селекција.

Франција е во група со Бразил, Јамајка и Панама. СП 2023 ќе се игра во Австралија.

ПретходноГерманија без неколку првотимци и со петмина дебитанти на претстојните мечеви
СледноТрајковски асистираше со пета за реми на Ал Фејха (ВИДЕО)