И покрај годините, и покрај фактот дека игра во С. Арабија а не во некоја квалитетна лига, сепак Кристијано Роналдо е на него и тој ќе ја предводи селекцијата на Португалија на стартот од квалификациите за ЕВРО 2024 година.
Новиот селектор Роберто Мартинез, денеска го соопшти списокот за мечевите со Лихтенштајн и Луксембург.
„Мене не ми се важни годините. Роналдо да е на списокот е моја одлука, тој ќе го има истиот статус како и сите останати на овој список. Потребно ни е неговото искуство, тој е многу важна личност за сите во репрезентацијата“ изјави Мартинез.