РК Куманово се засили со црногорски интернационалец

114

Екипата на РК Куманово во финишот на сезоната ќе биде засилена со црногорскиот интернационалец Немања Ѓурашковиќ. Тој има 22 години и е висок 190 сантиметри, а доаѓа од ЛХЦ Котбус од Германија.

Претходно играл за Беране, Рудар, Хапоел Ришон Лезион како и за младинските селекции на Црна Гора.

Куманово се надева дека ќе избори опстанок во Супер лигата.

ПретходноГвардиола кажа кој би можел да го замени во Манчестер Сити
СледноДробаров со прв гол по кам-бекот во Черно Море (видео)