Јокиќ го “разбуди“ Денвер, триумф над Детроит за официјален пласман во плеј – офот! (ВИДЕО)

194

Никола Јокиќ и Денвер Нагетс (119:110) ја прекинаа серијата порази и тоа против Детроит. Победа и заверување на пласманот во плеј – офот. Оваа победа над Пистонси значи и дивизиска титула, а сега на ред е ставање печат на првото место на западот.

Србинот одигра одлично, и малку недостигаше да дојде до нов трипл-дабл, заврши со 30 поени, 10 скокови и 9 асистенции.

Интересно беше како тој во некои моменти речиси и сам да играше против целата одбрана на Детроит:

На останатите мечеви кои се оиграа утринава во НБА се постигнати следните резултати:

Бруклин – Сакраменто 96:101

Торонто – Оклахома 128:111

Милвоки – Индијана 123:139

Феникс – Орландо 116:113

ПретходноЛШ: Елмас и Наполи денеска во Нион го добиваат ривалот во 1/4 финалето, ждрепка ќе има и во ЛЕ и ЛК!
СледноХари Мегваер: Јас сум многу важен за Манчестер Јунајтед!