По се она што се случуваше на мечот меѓу Партизан и Ц. Звезда, во дербито на АБА лигата, кога центарот на “црно – белите“ го удри кошаркарот на Ц. Звезда, Филип Петрушев, конечно денеска и раководството на АБА лигата, се изјасни.
Имено Партизан ќе мора да игра без Французинот на следните три меча, а самиот Лесор ќе мора да плати и 10.000 евра.
Секако дека ваквата казна нема да им се допадне на “црвено – белите“ со оглед на тоа дека тие бараа Лесор да се суспендира до крајот на сезоната, а се знае и зошто. Партизан без Лесор и со него во составот, секако не е ист тим.