Бајчетиќ ја одбра Шпанија а не Србија!

220

Стефан Бајчетиќ, младиот фудбалер на Ливерпул и еден од најголемите фудбалски таленти во Европа, одбра да игра за селекцијата на Шпанија, а не Србија од каде што потекнува.

Имено денеска селекторот на младата репрезентацијата на Шпанија, Санти Денија, кажа дека тој е во контакт со играчот кој што е роден во Виго и е син на некогашниот фудбалер на Ц. Звезда, Срѓан Бајчетиќ, и дека добил одговор дека сака да игра за Шпанија а не за Србија.

Сепак Бајчетиќ кој доби повик да настапува за младата селекција на Шпанија ќе почека малку со оглед на тоа дека е повреден.

Инаку Србија не ја загубила битката за големиот талент, се додека играчот за врска на Ливерпул, не заигра за А-тимот на Шпанија, има надеж дека тој сепак ќе игра за Србија.

ПретходноМартинез го објави списокот на Португалија: Роналдо не кажал “збогум“!
СледноПроблеми за Чави: Барса без Педри во неделното “Ел Класико“!