Гвардиола кажа кој би можел да го замени во Манчестер Сити

337

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола во интервју кажа кого го гледа како идеален наследник на клупата на „Граѓаните“. Тој верува дека поранешниот белгиски репрезентативец, Винсент Компани може успешно да го предводи Сити. Компани моментално е тренер на Барнли во Чемпионшип и успешно го води тимот кој има големи шанси да се врати во елитата идната сезона.

Компани можеби нема да се сложи со мене, но кога ги гледам настапите на неговиот тим се повеќе сум сигурен дека може да се врати во Манчестер Сити како тренер. Не знам кога, но тоа ќе се случи еден ден.

Последните два три дена анализирав што Барнли направи оваа сезона. Не сум изненаден од позицијата на табелата, тие се блиску до враќање во Премиер лигата. На еден тренер потребно е да му се даде време за да успее. Што поскоро мора да ги склопи да изгледаат одлично на теренот и да ги убеди дека можат да направат големи работи“, изјави Гвардиола.

Инаку Сити на 18 март ќе се соочи со Барнли во четвртфиналето на ФА Купот.

ПретходноВикендов се вози ГН на С. Арабија: Ф1 спектакл под рефлектори во Џеда! (ВИДЕО)
СледноРК Куманово се засили со црногорски интернационалец