Новиот шпански селектор Луис Де Ла Фуенте реши да направи промени во шпанскиот национален тим по неуспехот на СП во Катар, се очекуваше да направи пет-шест измени, а тој не повика дури 15 фудбалери кои беа дел од Мундијалот во декември.
Од поголемите изненадувања тука се Хозелу и Давид Гарсија, Брајан Жил од Севиља, повик доби и Кепа Аризабалага од Челзи, изненадувачки е и враќањето на ветеранот Иаго Аспас. Давид Гарсија од Осасуна за првпат е повикан.
Дел од изоставените играчи се Жорди Алба, Ерик Гарсија, Серхио Бускетс, Коке, Маркос Љоренте, Тијаго Алкантара, Ансу Фати, Феран Торес, Пау Торес, Асенсио, Унаи Симон…
ГОЛМАНИ: Кепа Аризабалага (Челзи), Роберт Санчез (Брајтон), Давид Раја (Брајтон)
ОДБРАНА: Дани Карвахал (Реал Мадрид), Педро Поро (Тотенхем), Давид Гарсија (Осасуна), Ејмерик Лапорт (Шпанија), Начо (Реал Мадрид), Иниго Мартинез (Атлетик Билбао), Алехандро Балде (Барселона), Хозе Гаја (Валенсија)
СРЕДЕН РЕД: Родри (Манчестер Сити), Мартин Зубименди (Реал Сосиедад), Гави (Барселона), Фабијан Руиз (ПСЖ), Микел Мерино (Реал Сосиедад), Дани Себаљос (Реал Мадрид), Педри (Барселона).
НАПАД: Алваро Мората (Атлетико Мадрид), Дани Олмо (Лајпциг), Нико Вилијамс (Атлетик Билбао), Хозелу (Еспањол), Иаго Аспас (Селта), Жерар Морено (Виљареал), Брајан Хил (Севиља), Микел Ојарзабал (Реал Сосиедад)