Македонскиот интернационалец Влатко Дробаров постигна гол за Черно Море во победата од 3:0 над Септември Софија во бугарскиот шампионат. Тоа се случи во 67 минута кога Сула центрираше од корнер, а Дробаров со глава го совлада противничкиот голман поставувајќи го конечниот резултат.
Македонскиот бек пред неколку недели потпиша за Черно Море по неуспешната авантура во Сараево. Пред да отиде во клубот од БиХ играше токму за Черно Море.
Денеска го одигра вториот меч за „зелено-белите“, а на првиот против Лудогорец влезе во финишот.
ГОЛОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО НА ОВОЈ ЛИНК