Македонскиот тенисер Калин Ивановски игра во одлична форма оваа година, а денеска успеа да се пласира во полуфиналето на ИТФ турнирот во француски Поитие. Калин го имаше пред себе францускиот тенисер Тристан Ламасин од кого изгуби во финалето пред неколку денови, а сега успеа да го елиминира со 2-0 по сетови.
Првиот сет беше изедначен до 5-5, а потоа Калин ги презема конците во своите раце и го доби сетот со 7-5. Вториот сет беше рутинска задача за нашиот најдобар тенисер во моментов затоа што беше убедлив со 6-1.
Со тоа се пласира во полуфиналето каде за противник ќе го има вториот носител на турнирот Гејмар Вајенбург.