“Бомба“ од НБА.Имено како што известуваат медиумите во САД, Мајкл Џордан имал намера да го продаде Шарлот Хорнетс, тим кој што вече неколку години е негов мнозински сопственик. Инаку под негово водство Шарлот воопшто не се прослави, го нарекуваат најдосадниот тим во НБА.
Најдобриот кошаркар во историјата во клубот влезе во 2006 година, а од 2010 е и мнозински сопственик. Во ерата на Џордан, Шарлот само во три наврати успеа да се пласира во плеј – офот, се сменија пет тренери, а освен Кемба Вокер немаат ниту една ѕвезда.
Секако дека ова е причината што Џордан има намера да дигне раце од Шарлот.