Катарскиот шеик Јасим денеска го посети „Олд Трафорд“ за да го види стадионот и теренот на Манчестер Јунајтед, исто како што тоа го направи и другиот потенцијален купувач на клубот, Сер Џим Ретклиф.
Во моментов се водат преговори за продажба на „црвените ѓаволи“, при што шеикот Јасим Бин Хамад Ал Тани е задоволен од она што го видел и е подготвен да плати и повеќе од цената која ја бара семејството Глејзерс од 6 милијарди фунти.
На почетокот се мислеше дека Катарците не сакаат да платат повеќе отколку што сакаат американските сопственици, но тие се предомислија и се подготвени да ја платат бараната цена, па дури и повеќе.