ЛЕ – 1/4 финале: Јунајтед повторно со шпански ривал, Јуве против Спортинг

486

Познати се 1/4 финалните двојки и во Лигата на Европа. Ждрепката во Нион сакаше Манчестер Јунајтед повторно да добие шпански ривал и тоа третпат по ред, но сега тоа е Севилја. Јуве го доби Спортинг, а Рома ќе игра против Феенорд, ова е и реприза на финалето од ЛК од минатата сезона, и на крај Леверкузен се среќава со Унион.

ДВОЈКИ ЗА 1/4 ФИНАЛЕТО

М.ЈУНАЈТЕД – СЕВИЛЈА

ЈУВЕНТУС – СПОРТИНГ

ЛЕВЕРКУЗЕН – УНИОН

ФЕЕНОРД – РОМА

Image

*Натпреварите се играат на 13 и 20 април

Извлечени беа можните двојки и за полуфиналето, а таму не очекува можен спектакл меѓу Јунајтед и Јувентус.

ДВОЈКИ ЗА 1/2 ФИНАЛЕТО

ЈУВЕНТУС/СПОРТИНГ – М.ЈУНАЈТЕД/ СЕВИЛЈА

ФЕЕНОРД/РОМА – ЛЕВЕРКУЗЕН/УНИОН

*Натпреварите се играат на 11 и 18 мај

Големото финале во ова натпреварување се игра на 31 мај на “Пушкаш Арената“ во Будимпешта.

ПретходноДенеска стартува битката за пласман на Ф4 турнирот во Купот на Македонија!
СледноЛуис Суарез се избламира како никогаш досега! (ВИДЕО)