Денеска во Нион, точно на пладне, ќе се одржи ждрепката за 1/4 финалето во Лигата на Шампионите, а нешто подоцна и за евентуалнните двојки за 1/2 финалето. Нема веќе диригиран ждреб, може да се падне секој со секого.
Се разбира дека за нас најинтересно ќе биде кој ривал ќе му се падне на Наполи и тоа поради Елиф Елмас, нашиот Дијамант кој и тоа како има важна улога во играта на веројатно новиот шампион на Италија.
А во барабанот се 8 екипи, три од Италија (Наполи, Интер и Милан), две од Англија (Манчестер Сити и Челзи), и по една од Шпанија (Реал Мадрид), Германија (Баерн Минхен) и Португалија (Бенфика).
Мечевите од 1/4 финалето се играат на 11/12 април и 18/19 април.
Нешто подоцна во текот на денот ќе се одржи и ждрепката за Лигата на Европа. И тука ќе имаме отворен ждреб, а има доста познати екипи.
Ова се екипите кои денеска ќе се најдат во шеширот:
Феенорд (Холандија), Јувентус (Италија), Леверкузен (Германија), Манчестер Јунајтед (Англија), Рома (Италија), Севилја (Шпанија), Спортинг (Португалија), Унион (Белгија).
Мечевите од 1/4 финалето се закажани за 13 и 20 април, инаку денеска ќе се знаат и евентуалните двојки за 1/2 финалето.
И на крај, денеска во Нион ќе се одржи и ждрепката за 1/4 финалето во Лигата на Конференции.
Ова се екипите кои се очекување на ривалите:
Андерлехт (Белгија), АЗ Алкмар (Холандија), Базел (Швајцарија), Фиорентина (Италија), Гент (Белгија), Лех Познањ (Полска), Ница (Франција), Вест Хем (Англија).
Натпреварите од 1/4 финалето во ЛК ќе се играат на 13 и 20 април.