ЛШ: Пекол за Пеп, Наполи има “отворен“ пат до финалето!

1586

Како што веќе објавивме, познати се двојките за 1/4 финалето во ЛШ. Тоа се Милан – Наполи, Бенфика – Интер, Манчестер Сити – Баерн и Реал Мадрид – Челзи. Од сите овие клубови само Наполи и Сити немаат трофеј во ова натпреварување.

Познати се и полуфиналните двојки, а тоа се Милан/Наполи – Бенфика/Интер и Манчестер Сити/Баерн – Реал Мадрид/Челзи.

Повеќе од јасно е дека Пеп Гвардиола со својот Сити го чека пеколен пат до финалето во Истанбул на 10 јуни. Прво треба да го мине својот некогашен клуб Баерн Минхен, а потоа да го совлара и подобриот од двојката Реал – Челзи.

За разлика од Сити, се чини дека Наполи има “отворен“ пат до Истанбул. Фаворите е против Милан во 1/4 финалето, а и реваншот се игра во Неапол, а потоа исто така фаворит би бил и против подобриот од двојката Бенфика/Интер, само под услод да ја задржи формата со која игра во текот на целата сезона.

На крај јасно е дека ќе нема ниту англиско ниту пак италијанско финале, туку само полуфинале.

ПретходноЛШ – 1/4 финале: Елмас и Наполи на мегдан со Милан, мега – дербито е Сити – Баерн!
СледноДенеска стартува битката за пласман на Ф4 турнирот во Купот на Македонија!