Екипата на РК Куманово во финишот на сезоната ќе биде засилена со црногорскиот интернационалец Немања Ѓурашковиќ. Тој има 22 години и е висок 190 сантиметри, а доаѓа од ЛХЦ Котбус од Германија.
Претходно играл за Беране, Рудар, Хапоел Ришон Лезион како и за младинските селекции на Црна Гора.
Куманово се надева дека ќе избори опстанок во Супер лигата.