Сава Радиќ: Струга ТЛ оди по трите бода на гостувањето кај Работнички!

184

Утре во меч од 24.коло на стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје, лидерот на табелата во ПМФЛ, тимот на Струга ТЛ му гостува на Работнички. Многу важен меч за стружани, еден од оние кои решаваат дали овој тим ќе ја освои титулата или не. Всушност сега секој натпревар до крајот на сезоната ќе биде да се биде или не се Струга ТЛ.

Тоа го знае и Сава Радиќ, дефанзивецот и еден од најдобрите играчи на лидерот, па така во пресрет на утрешниот дуел со Работнички тој истакнува:

Имаме важно гостување кај екипата на Работнички, тежок натпревар кој е од големо значење за нас. Ја респектираме екипата на Работнички, но ние знаеме што сакаме и за што одиме во Скопје. Имаме своја цел, да освоиме 3 бода, се спремаме за овој натпревар, тренираме добро. Ќе биде тежок терен затоа што е такво времето, со дожд и ветер. Најбитно е да ги исполниме барањата на тренерот, да бидеме сконцетрирани и фокусирани, и мислам дека нема да имаме проблеми.” посочи Радиќ.

ПретходноАБА се изјасни: Лесор суспендиран на три меча и казна од 10.000 евра!
СледноДарко Чурлинов: Фаворити сме против Малта, но тоа треба да се докаже на терен!