Вчера на реваншот од 1/8 финалето во Лигата на Европа, Манчестер Јунајтед како гостин го победи Бетис и така со вкупни 5:1 се пласира во следната фаза.
На овој меч во дефанзивата стартер беше и Харие Мегваер, за кого никој не крие дека не е баш во волја на стратегот Ерик Тен Хаг, а посебно не по волја на фановите, па затоа се најавува и можна разделба.
Сепак самиот играч, кој кога е во тимот е капитен, а е и стандарден репрезентативец има свое мислење за тоа што со него во иднина на “Олд Трафорд“:
“Јас сум многу важен за Манчестер Јунајтед, имам важна улога во овој клуб, како на теренот така и надвор од него. Секој ден се обидувам да го водат Манчестер Јунајтед до успех, без разлика дали сум во составот или не“ посочи дефанзивецот на Јунајтед.