Германија без неколку првотимци и со петмина дебитанти на претстојните мечеви

250

Селекторот на Германија, Ханси Флик ги изостави Лерој Сане, Илкај Гундоган, Антонио Ридигер и Никлас Зиле за пријателските натпревари со Перу на 25 март и со Белгија три дена подоцна. Флик сака да им даде шанса на помлади фудбалери и да ги тестира нивните можности. Германија е домаќин на ЕП 2024 и Флик се обидува да ги искористи сите фудбалери за кои смета дека имаат потенцијал да бидат репрезентативци.

Пет дебитанти се во групата од 24 фудбалери – дефанзивецот на Штутгарт Јоша Вагноман, потоа Мариус Волф од Борусија Дортмунд, дефанзивниот играч за врска Феликс Нмеча од Волфсбург, крилото на Брентфорд Кевин Шаде и напаѓачот на Аугзбург Мерџим Бериша.

„Работата ни е да најдеме алтернативи и да го прошириме составот“, изјави Флик за изборот на фудбалери.

Германија не сака да си дозволи ново фијаско по втората по ред елиминација од групите на СП.

СОСТАВОТ НА ГЕРМАНИЈА

Голмани: Бернд Лено, Марк-Андре тер Штеген, Кевин Трап

Дефанзивци: Армел Бела-Кочап, Матијас Гинтер, Кристијан Гинтер, Тило Керер, Дејвид Раум, Нико Шлотербек, Мариус Волф, Јоша Вагноман

Играчи од средниот ред: Емре Џан, Марио Геце, Леон Горецка, Џошуа Кимих, Феликс Нмеча, Флоријан Вирц

Напаѓачи: Мерџим Бериша, Никлас Фуелкруг, Серж Гнабри, Џамал ​​Мусиала, Каи Хаверц, Кевин Шаде, Тимо Вернер.

ПретходноФарските Острови го објавија списокот за мечот со Македонија во Скопје
СледноАнри одбил селекторска позиција