Гранит Џака прво ги исмеваше фановите на Спортинг, а потоа “плачеше“! (ВИДЕО)

2440

Гранит Џака, репрезентативецот на Швајцарија и капитен на Арсенал, синоќа на мечот со Спортинг Лисабон, одново беше во главна улога со своите постапки што редовни им одат на нерви на противнилките фанови.

Но, нели, во животот, а посебно во фудбалот се се враќа, се се плаќа…

Па тако во 19.минута кога Џака му донесе водство на Арсенал од 1:0, тој при прославата на голот просто со непристојна гестикулација ги измеваше гостинските фанови.

Наплатата дојде во 62.минута по израмнувачкиот гол на Педро Гонзалвеш, а посебно на крајот од мечот, по пенал – серијата во која тимот од Португалија успеа да победи.

Претходната реакција на Џака не беше заборавена токму од Гонзалвеш, кој потоа го имитираше Швајцарецот, потег кој наиде на одушевуваше кај гостинските фанови.

ПретходноКристал Палас со “шут-карта“ за Виеира!
СледноИ Џордан од нив дига раце: Се продава Шарлот Хорнетс!