Исак со два гола за победа на Њукасл на гости кај „шумарите“ (ВИДЕО)

154

Фудбалерите на Њукасл славеа со 2:1 на вечерашното гостување кај Нотингем Форест и останаа во најтесниот круг фаворити за место во ТОП 4 на табелата во Премиер лигата. На гостувањето кај „шумарите“, популарните „страчки“ однесоа победа благодарение на двата погодока на Исак, кој се враќа во старата форма по долгата пауза поради повреда.

Мечот почна добро за домашните кои преку Денис во 26. минута дојдоа до водство од 1:0, но Исак не дозволи домашните да заминат и на пауза со предност. Швеѓанецот погоди во судиското продолжение од првиот дел за 1:1.

Одлуката за победникот падна во судиското продолжение од вториот дел, кога Њукасл доби пенал, а Исак беше повторно егзекутор за конечни 1:2.

ПретходноКатарскиот шеик подготвен да плати и 6 милијарди фунти за Манчестер Ј.!
СледноДалас во драматичен финиш ги совлада Лејкерс, Ирвинг блескаше (ВИДЕО)