FOTO> feyenoord.nl
Новиот селектор на Холандија, Роналд Куман повика пет фудбалери кои до сега немаат одиграно ниту еден меч за националниот тим. „Лалињата“ ќе играат европски квалификации против Франција во Париз идниот петок и против Гибралтар во Ротердам на 27 март.
Двоецот на Феенорд, Лутшарел Гертруида и Матс Вифер, како и голманот на Андерлехт Барт Фербруген за прв пат се на списокот на холандската репрезентација. Дефанзивецот на Њукасл Свен Ботман и напаѓачот на Ајакс Брајан Броби исто така се во тимот, тие и претходно беа повикани но немаат минути во репрезентацијата.
Се враќаат поранешниот капитен Џорџињо Вајналдум и голманот Јеспер Силесен. 32-годишниот Вајналдум имаше тешка повреда и паузираше долго време, го пропушти и Сп во Катар.
33-годишниот Силесен испадна од списокот на Ван Гал за Мундијалот во Катар, но сега се враќа во тимот. Централниот бек Стефан де Фрај кој го загуби местото во Интер, не доби повик од Куман.