Хари Мегваер: Јас сум многу важен за Манчестер Јунајтед!

534

Вчера на реваншот од 1/8 финалето во Лигата на Европа, Манчестер Јунајтед како гостин го победи Бетис и така со вкупни 5:1 се пласира во следната фаза.

На овој меч во дефанзивата стартер беше и Харие Мегваер, за кого никој не крие дека не е баш во волја на стратегот Ерик Тен Хаг, а посебно не по волја на фановите, па затоа се најавува и можна разделба.

Сепак самиот играч, кој кога е во тимот е капитен, а е и стандарден репрезентативец има свое мислење за тоа што со него во иднина на “Олд Трафорд“:

Јас сум многу важен за Манчестер Јунајтед, имам важна улога во овој клуб, како на теренот така и надвор од него. Секој ден се обидувам да го водат Манчестер Јунајтед до успех, без разлика дали сум во составот или не“ посочи дефанзивецот на Јунајтед.

ПретходноЈокиќ го “разбуди“ Денвер, триумф над Детроит за официјален пласман во плеј – офот! (ВИДЕО)
СледноКристал Палас со “шут-карта“ за Виеира!