На денешниот слалом во женска конкуренција, одржан во Андора, победник е репрезентативката на Словачка, Петра Влхова која што за 43 стотинки беше подобра од хрватската сензација Леона Поповиќ која што успеа да стигне до првиот свој пиедестал во кариерата.
Успехот на Поповиќ на оваа трка е уште поголем, ако се знае дека зад неа остана и една Михаела Ширфин, живата легенда на овој спорт.