Сопственикот на Челзи, американскиот бизнисмен Тод Боли, се посериозно притиска за да купи уште еден фудбалски клуб во Европа. Американецот веќе извесен период разговара за купување на францускиот прволигаш Стразбур.
Со оглед на тоа што УЕФА планира да ги намали ограничувањата кога станува збор за сопственоста на неколку клубови од една иста личност, Боли реши да тргне во потера по друг европски тим. Најпрво се обиде да го купи Лион, но актуелниот сопствеик ја одби зделката. Слично беше и со Бордо и Сошо, кои исто така дадоа негативен одговор.
Идејата е Стразбур да биде отскочна даска за талентите на Челзи кои би имале минутажа во сениорскиот фудбал и во една од најдобрите пет лиги. Многу други клубови функционираат слично, па и Боли има идентична идеја.