И добра и лоша вест за Ред Бул во квалификациите за ГН на С. Арабија на патеката во Џеда. Имено Серхио Перез ја освои пол – позицијата и утре ќе стартува од првото место, додека двојниот светски првак, Макс Верстапен имаше проблеми со болидот, поточно неговиот Ред Бул имаше дефект, и мораше во вториот сегмент да се паркира во гаражата, па така тој ќе стартуват од 15. позиција.
Второто место го освои Шарл Леклер, но возачот на Ферари поради казната ќе му го отстапи тоа место на Фернандо Алонсо на Астон Мартин.
Од вториот ред ќе стартуваат Џорџ Расел од Мерцедес и Карлос Саиц од Ферари.
Утре трката ќе стартува во 18 часот.