На ИТФ турнирот кој се одржува во Франција, македонскиот тенисер Калин Ивановски денеска во полуфиналето загуби од домашниот претставник Саша Гемард Вајенбург.
Конечниот резултат на овој дуел гласи 2:0 по сетови 6:2, 7:6 (10:8). Со ова Калин застана една пречка подолу од самото финале и можноста да освои уште еден трофеј во кариерата.