Канадската скијачка Александра Лотит постави нов светски рекорд за жени на скокалницата во норвешкиот Викерсунд. 19-годишната скијачка во третата серија на тренингот достигна далечина од 222 метри. По неа словенечката скијачка Ема Клинец доскокна 203 метри што е втор најдолг доскок во историјата.
Пред нив границата од 200 метри ја достигнале, односно поминале само Норвежанката Марен Лундби (212,5 метри) и Јапонката Јуки Ито (точно 200 метри).