ПМФЛ: „Пандевци“ посакуваат бод(ови) од дербито со Шкупи, лидерот гостува кај својот редовен пациент!

243

 

Пред двонеделната пауза поради настапите на нашите репрезентации, викендов се играат сите мечеви од 24.коло во ПМФЛ. Денеска од 15 часот се играат четири средби, а утре една и тоа онаа на Автокоманда каде Скопје ја дочекува Шкендија.

Дербито се игра во Струмица,каде А. Пандев го дочекува Шкупи. Тоа ќе биде нов тренерски дуел меѓу Васоски и Седлоски, последниот во Кичево заврши без победник, и тоа 3:3.

May be an image of 13 people, people standing and outdoors

Лидерот Струга ТЛ му гостува на Работнички. Тим кој што на стружани, барем според традицијата, им е редовен пациент. Како поинаку да се каже ако се знае дека како домаќин Работнички никогаш не ја победил Струга ТЛ, а посебно ако се знае дека на 14 мечеви има само еден триумф, дури осум порази и пет ремија. Струга ТЛ секогаш лесно излегувала на крај со еден од нашите најтрофејни клубови.

Сепак, ќе видиме како ќе биде денеска.

Силекс во Прилеп не би требало да има проблеми на гостувањето кај Победа, а по пауза од две недели конечно и Тиквеш ќе настапи во ПМФЛ.

Кавадарчани дома ги чека тешка задача против Македонија ЃП, тим кој што на клупата ќе дебитира новиот тренер Горан Симов.

ДВОЈКИ ЗА 24.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

Тиквеш – Македонија ЃП

Победа – Силекс

А.Пандев – Шкупи

Работнички – Струга ТЛ

НЕДЕЛА:

Скопје – Шкендија

Брегалница (СЛОБОДНА)

ТАБЕЛА: Струга ТЛ 43, Шкупи 41, Шкендија 38, Силекс 35, Брегалница 32, Тиквеш 28, Македонија ЃП 26, Работнички 24, А.Пандев 19, Скопје 14, Победа 13…бодови

ПретходноПарите не се причината поради која Меси не сака да ја прифати понудата на ПСЖ!
СледноНиколиќ: Пред МЗТ се 200 минути до крајот на сезоната – секоја од нив мораме да ја искористиме максимално!