Тежок пораз за МЗТ Скопје во битката за опстанок во АБА (ФОТО)

217

МЗТ Скопје не успеа да го направи важниот чекор кон опстанокот во АБА-лига. Актуелниот македонски првак на домашен терен загуби важен меч против еден од тимовите кои се наоѓа над опасната зона. Игокеа од Скопје заминува победнички со 78-84, а за МЗТ Скопје остануваат само теоретските шанси за опстанок во јадранското друштво.

Драган Николиќ и неговите момци овој меч го загубија во последната четвртина во која на противникот му дозволија да направи серија од 12-0 и да тргне кон победата. Се вратија во самиот финиш, но веќе беше доцна. Останува да жалат за овој пораз.

Мицовиќ постигна 18 поени, 15 од нив во првото полувреме, Вер запиша 17 поени, Војдан имаше 15 поени, додека Дамјан 11. На другата страба Ѓорѓевиќ постигна 19 поени.

Првото полувреме против Игокеа ќе биде запаметено по големиот број на слободни фрлања. Актуелниот македонски првак имаше 9 девет погодени од 16 обиди. Покрај ова во однос на противникот избраниците на Драган Николиќ не блескаа ниту од поле.

МЗТ Скопје добро го почна мечот, поведе со 6-2 со двете тројки на Мицовиќ, кој по 20 минути игра од линијата за ти поени имаше четири од четири, беше единствениот кошаркар со двоцифрена бројка, запиша 15 поени. Македонскиот тим водеше и со 9-5, но гостите во продолжение ги казнуваа промашените слободни фрлања, пред самиот крај со серија од 6-0 поведоа со 21-25.

Игокеа во втората четвртина ја имаше контролата на резултатот се до последните три минути кога Мицовиќ со тројка го најави кам-бекот на својот тим, се приклучија и Војдан и Вер за серија од 11-2 и водство од 42-38. Делалиќ со тројка на одморот намали на 42-41.

Кефи со првата тројка на мечот зголеми на 45-41 на стартот на третата четвртина. Но, тука и застана, противникот во овој дел влезе со 4-11 и по само пет минути поведе со 46-52 благодарение на расположените Танасковиќ Ѓорѓевиќ. Војдан и Дамјан го прекинаа налетот, намалија на 50-52, по серија промашувања на двете страни, со нивните поени и три нови на Вер и Кук, МЗТ Скопје го врати водството (53-52).

Во последните решавачките десет минути домаќинот влезе со минимални плус два 57-55, најава за неизвесна завршница. МЗТ Скопје со поени на Кефи и Војдан поведе со 63-59 по три и пол минути игра и се чинеше ќе фати залет. Наместо тоа противникот брзо ја надокнади оваа негатива и да поведе со 63-71 во 36 минута. Игокеа направи серија од 12-0, ги казни грешки на избраниците на Драган Николиќ. Во овој период тренерот на МЗТ Скопје повика нов тајм-аут.

После три „црни“ минути, Вејд постигна тројка за 66-71, Крафорд продолжи да биде проблем за одбраната на МЗТ Скопје, тој Ѓорѓевиќ и Танасковиќ ја дигнаа Игоеа, која на минути и 17 секунди до крајот имаше предност од осум поени (69-78). Иако речиси беа отпишани, МЗТ Скопје предводен од Мицовиќ, Бурсаќ и Војдан приредија драма, на седум секунди до крајот намалија на 78-80. Не остана време за сензација, Игокеа на крајот го заврши дуелот во своја корист.

ПретходноРаботнички ја декласира Струмица!
СледноГН на С. Арабија: Перез до пол-позиција во Џеда, Верстапен ќе стартува од 15. позиција!