Попладнево се одиграа четири меча од 25.коло во Бундеслигата. Хофенхајм на свој терен со убедливи 3:1 ја совлада Херта, стрелци на головите беа Крамариќ два и двата од пенал Бебоу, додека голот за тимот од Берлин беше дело на Јоветиќ во 90+2.минута.
Бохум изнеадувачки со 1:0 го победи фаворизираниот Лајпциг, победникот беше решен во 48.минута со голот на Машовиќ.
Волфсбург како гостин го победи Штутгарт со 0:1 и тоа со голот на Мармуш во 56.минута.
Шалке со гол во 90+1.минута се спаси од пораз на гости кај Аугсбург, кој водеше со 1:0 и тоа со голот на Маер во 51.минута, но Батлер во судиското продолжение му донесе бод на тимот од Гелзенкирхен.