Македонската репрезентација утре ги започнува подготовките пред првиот натпревар од новиот квалификациски циклус за ЕП 2024. Пред мечот со Малта, со свое размислување за противникот се огласи нашиот репрезентативец, Езѓан Алиоски.
„Среќни сме што после неколку месеци повторно се собираме со репрезентацијата на Македонија. Започнуваме нов квалификациски циклус и секако дека посакуваме победа над Малта и старт со три бода. За нас е исклучително важно успешно да ги започнеме квалификациите затоа што потоа ни следуваат многу посериозни натпревари во силната група со Англија, Италија и Украина. Посакувам сите да бидеме здрави и комплетни и верувам дека ќе го дадеме најдоброто од себе. Ќе се обидеме да одиграме одлични натпревари за успешни квалификации после историските резултати во последните години”, вели Алиоски.
Веќе од утре нашите репрезентативци почнуваат со тренинзи и тактичка подготовка за мечот со Малтежаните.