Македонскиот одбојкарски стратег Жарко Ристовски и неговиот клуб Ал Рајан уште еднаш ја потврдија доминацијата на азискиот континент. Ал Рајан вчера во финалето на првото издание на Западно-азискиот клупски шампионат ја освои титулата победувајќи со 3:0 над Кувајт Клуб и потврдувајќи ја доминацијата од првиот до последниот меч на турнирот.
На премиерното издание на шампионатот одржано во Јордан, Ал Рајан забележа седум последователни победи, вклучително и изненадувачки убедливиот триумф од 3-0 против Кувајт Клуб во последната пресметка.
Жарко Ристовски со овој трофеј станува еден од најтрофејните клупски тренери во овој дел од светот.