И двата битолски тима на чекор до Куп полуфинале!

92

И двата битолските тимови се на чекор да се пласираат во полуфиналето во Купот на Македонија. Првиот тим кој е домаќин на еден од четирите турнири ја оправда фаворитската улога против Куманово совладувајќи го со 21-33. За противникот во финалето ќе го има подобриот од Струга и Тиквеш, меч кој стартуваше пред малку. Финалето во Битола ќе се одигра вечерва.

Пелистер 2 пак беше подобар од Радовиш со 17-32, за место во полуфиналето ќе се бори против домаќинот на турнирот, Тинекс Пролет, оваа средба е закажана во 19 часот.

Вардар 1961 и Алкалоид се двата тима кои се исто домаќини на четвртфиналните турнири. Актуелниот бранител на титулата игра против Охрид (17 часот), додека Јуниор КВ ќе се сретне со Скопје во 19 часот, мечевите се играат во малата сала „Јане Сандански“.

Алкалоид пак во Автокоманда ќе игра против Бутел Скопје (18 часот), додека пак пред оваа средба Прилеп и Вардар Неготино ќе ги одмерат силите. Финалето е закажано за утре.

ПретходноГаздата на Челзи си „пазарил“ клуб во Франција
СледноПет гола на Сара Ристовска, ЦСКА и натаму без грешка!