Во четвртфиналната група која се игра во Автокоманда во рамките на Купот на Македонија, во финалето силите ќе ги одмерат Алкалоид и Вардар Неготино.
Очекувано, Алкалоид и Бутел Скопје одиграа неизвесен натпревар, на крајот победата ја однесоа момците на Кирил Лазаров, славеа со 24-25, а херојот е Мартин Серафимов, погоди со звкукот на сирената за голема радост во редовите на неговиот тим.
„Бутелци“ на пет минути до крајот израмнија на 22-22, па мечот влезе во игра гол за гол. На минута до крајот Бутел остана со играч помалку, а Алкалоид не успеа да реализира за чекор напред кон победата. На другата страна Манасков ја погоди само гредата, за избраниците на Лазаров останаа десет секунди, доволни за триумф. Со цепелин во реализација на Серафимов, а на асистенција на Џонов, Алкалоид дојде до триумф на оваа средба. Серафимов со 11 погодоци беше прв стрелец кај победникот.
Во првиот четвртфинален меч во Автокоманда, Прилеп по голема драма беше поразен од Вардар Неготино со 28-29. Ташев беше херој на условно кажано гостите, го посригна победничкиот гол за својот тим.
Вардар ја оправда фаворитската улога против Охрид на домашен терен славеше со 38-30, мечот беше решен во вториот дел, бидејќи гостите се држеа, на одморот имаа негатива од два гола 20-18. Актуелниот бранител на трофејот за противник во битката за место на Ф4 ќе го има подобриот од Јуниор К.В и Скопје.