Лидерот во домашното првенство, екипата на Струга ТЛ, денеска гостува во Скопје против Работнички, во обид да дојде до нови бодови за задржување напрвото место на табелата. Во пресрет на дуелот, своја изјава за очекувањата од дуелот даде Сухел Мухареми.
“Во сабота се соочуваме со Работнички, многу непредвидлив тим, но мислам дека имаме сили да ги освоиме трите бода од овој натпревар. Работевме одлично како група цела недела и верувам дека сите сме подготвени да го дадеме максимумот за нова победа, која би не задржала на првата позиција“, вели тој.
Мечот започнува од 15 часот, како и преостанатите три дуели закажани за денеска.