НБА ЛИГА објави дека кошаркарот на Мемфис, Дилон Брукс е казнет со 35.000 долари поради туркање и повреда на камерман за време на натпреварот против Мајами Хит. Мемфис загуби тој натпревар со 138:119. Снимателот извесно време нема да може да работи.
Дилон Брукс стана најомразениот играч во НБА оваа сезона. Често влегува во непотребни конфликти на теренот, провоцира и прави валкани потези. Неговиот соиграч Џа Морант, најдобриот играч на Мемфис, беше суспендиран на осум натпревари оваа недела бидејќи објави видео на социјалните мрежи како мавта со пиштол во дискотека.
Dillon Brooks was fined $35k for “the unsportsmanlike act of shoving a camera person on the sideline after pursuing a loose ball,” the NBA announced. pic.twitter.com/dPFLnzFFcc
— ESPN (@espn) March 17, 2023