Никола Ѓорѓиев со уште еден трофеј: АЦХ Волеј по 13. пат е победник на МЕВЗА

138

Одбојкарите на АЦХ Волеј предводени од нашит капитен Никола Ѓорѓиев го освоија 13. шампионски наслов во Централно-европската лига наречена МЕВЗА. Синоќа во финалниот натпревар против словенечки Калцит Камник по час и 53 минути борба, АЦХ Волеј славеше со 3:1 (23:25, 25:18, 25:22, 25:23).

Никола Ѓорѓиев и овој пат беше најдобар поентер во победничкиот состав со 24 реализирани напади. За нашиот капитен кој летово ќе бид епредводник на генерацијата која ќе игра на Европското првенство во Скопје, ова е втор трофеј од почетокот на годинава, откако пред некоја недела го освои и словенечкиот куп.

ПретходноЗаврши штрајкот во Цибона – останува во АБА-лига!
СледноМухареми: Одиме на три бода против Работнички