Николиќ: Покажавме неспособност!

178

Опстанокот на МЗТ Скопје оди по тенка линија, поточно сега шансите се само теоретски. Актуелниот македонски првак не успеа да го добие дуелот со Игокеа, на домашен терен беше совладан со 78-84.

Стратегот на МЗТ Скопје, Драган Николиќ потенцира дека со голем број грешки, дел основни не може да се добие било каков натпревар, а најмалку во АБА-лига.

„Игокеа ја посакуваше оваа победа и дојдоа до неа. Што се однесува до нас, ние го дозволивме тоа со неверојатни грешки. Покажавме неспособност да не добиеме меч кој сакавме да го добиеме и не успеавме поради некои основни грешки и едноставно тоа е тоа. Знаеме во каква сме ситуација, повторувам од ден во ден дека ќе се бориме до крај, но тоа е што е моментално“, изјави Николиќ.

ПретходноГН на С. Арабија: Перез до пол-позиција во Џеда, Верстапен ќе стартува од 15. позиција!
СледноКУП НА МАКЕДОНИЈА: Алкалоид со цепелин, во режија на Џонов и Серафимов го реши Бутел Скопје (ВИДЕО)