На најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси договорот со ПСЖ му истекува на крајот на оваа сезона, се уште не е познато дали ќе остане во редовите на францускиот првак.
Раководството на клубот и таткото на Меси, Хорхе, имале состанок, но договор не е постигнат. Фрабрицио Романо, најдобриот новинар за трансфери ја објасни ситуацијата.
„Меси доби предлог од ПСЖ за продолжување на договорот и не бараше плата како останатите фудбалери. Во овие преговори парите не главен фактор. Меси сака да знае која ќе биде неговата улога следната сезона и како ќе изгледа тимот. Затоа не му се брза со преговорите“, објасни Романо.
ПСЖ разочарувачки беше елиминиран во осминафиналето во Лигата на шампиони и веќе од сега може да ја прогласи оваа сезона за неуспешна. Овие денови во француските медиуми се пишуваше дека Меси бил незадоволен и го напуштил тренингот, но неговиот татко веднаш ги демнатираше ваквите натписи.
За услугите на Меси веќе бројни клубови стојат во редовите, имаше најави за кам-бек во Барселона, како и трансфер во Саудиска Арабија, таму вратата му е широко отворена.