Пет гола на Сара Ристовска, ЦСКА и натаму без грешка!

89

Македонската репрезентативка, Сара Ристовска продолжува со одличните партии оваа сезона. Нејзиниот тим ЦСКА Москва, пак дојде до 31 победа во исто толку одиграни натпревари во рускиот шампионат. Овој пат на гостински терен славеше против Динамо Синара 28-31.

Ристовска беше втор стрелец, зад нејзиното име запиша пет гола од шест обиди. Сето ова нашата најдобар ракометарка успеа да го постигне само едно полувреме.

ЦСКА е лидер со 31 победа, зад овој тим е Ростов Дон кој има скор од 23 победи, три ремија и пет порази.

ПретходноИ двата битолски тима на чекор до Куп полуфинале!
СледноДалиќ селектор на Хрватска до 2026 година