Интересни четири натпревари се одиграа попладнево во рамките на 24.коло. На дербито во Струмица, каде што и тоа како беше тензично, резултатот на крајот гласеше 1:1. Со ова реми Шкупи сега заостанува со -4 бода во однос на лидерот Струга ТЛ. Да кажеме дека гостите речиси цел меч го одиграа со играч помалку откако Али Адем доби црвен картон по жестокиот старт врз Донов.
Шукпи поведе со голот на Маргвелашвили во 30.минута, за да потоа во 79.минута Велиновски од пенал ги постави конечните 1:1. Претходно Младеновски стартуваше врз Трајков за пенал според судијата Пилешков.
Уште едно реми на тренерскиот дуел Васоски – Седлоски.
Струга ТЛ знае како против Работнички. Со голот на Малески стружани освоија три златни бода во битката за титулата. Големи, огромни три бода за четата на стратегот Шпетим Дуро.
Убедлив Силекс, едноставно Победа немаше шанси на овој денешен меч. Кратовци победија со 1:5, интересно Ѓорѓиевски стави печат со два гола во судиското продолжение.
Се чини дека Победа и дефинитивно патува кон Втората лига.
Победнички старт на клупата на “лавовите“ на Горан Симов. Тимот од Ѓорче со 0:1 победи среде Кавадарци, а победничкиот гол беше дело на Самир Фазли во 67.минута.
РЕЗУЛТАТИ -24.КОЛО
А.ПАНДЕВ – ШКУПИ 1:1
(Велиновски (п) 79./Маргвелашвили 30./)
ПОБЕДА – СИЛЕКС 1:5
(Јованов 47./Рамани 7., Серафимовски 44.. Манасиевски 74., Ѓорѓиевски 90.. 90+2.)
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА 0:1
(/Малески 28.)
ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0:1
(/Фазли 67.)
НЕДЕЛА (15:00 Ч):
СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА
БРЕГАЛНИЦА (СЛОБОДНА)