Завршија првите полувремиња од денешните четири средби од 24.коло во ПМФЛ.
Најинтересно е во Струмица на дербито меѓу А. Пандев и Шкупи. Шампионот води со 0:1 со голот на Маргвелашвили кој по постигнување на голот во таа 30.минута се удри од столбот кој ја прицврстува мрежата од голот и се повреди. Сепак Грузиецот остана на теренот. Шкупи имаше повеќе шанси, а остана со играч помалку по исклучувањето на Адем во 24.минута кога тој невнимателно остро стартуваше врз Донов.
Руфати во 45.минута имаше супер шанса за израмнување, но на пауза се замина со тие 0:1.
Струга ТЛ со голот на Малески во 28.минута исто така има водство, и тоа кај Работнички на гости. Младиот напаѓач од само неколку метри успеа да го совлада домашниот голман.
Силекс без проблеми во Прилеп. Има водство од 0:2 со голот на Рамани и Серафимовски. Да потсетиме дека Хамза Рамани оваа зима дојде од Победа во Силекс.
Во Кавадарци домашниот Тиквеш и Македонија ЃП играат без голови.