Поради проблеми со срцето Лукас Леива ја заврши фудбалската кариера

113

Бразилецот Лукас Леива ја заврши фудбалската кариера поради здравствени проблеми. Некогашната ѕвезда на Ливерпул и поранешен бразилски репрезентативец, добил дијагноза за цикатрична миокардна фиброза, што е проблем со работата на срцето. Синоќа тој објави дека се повлекува од активното играње.

Дијагнозата на фудбалерот му беше поставена во декември минатата година. Оттогаш тој е подложен на кардиолошки прегледи и третмани. Леива својата професионална кариера ја започна во Гремио. Играше за Ливерпул од 2007 до 2017 година, со 247 настапи во Премиер лигата.

Откако го напушти англискиот клуб, му се приклучи на Лацио пред да се врати во Гремио во 2022 година. Лукас забележа 24 настапи за Бразил.

ПретходноЖарко Ристовски со Ал Рајан освои нова клупска титула во Азија
СледноГринвуд планира да се ожени со девојката која го обвини за силување