Пролет и Пелистер го заврија билетот за завршницата во Купот на Македонија. Првиот тим, кој беше организатор на еден од четирите турнири пред своите навивачи славеше против вториот битолски тим со 26-30. Пролет ја имаше и предноста и во првото полувреме, водеше со 12-14. Со серија од 5-1, избраниците на Лембанов поведоа со 16-23 и до крај не го испуштија водството. Димов со седум гола беше лидер, зад него беше Пецаковски со два гола помалку. На другата страна Ивановски беше стрелец на осум погодоци.
Пелистер ја оправда фаворитската улога против Тиквеш го совлада со 30-36. Битолскиот тим ќе се обиде повторно да дојде до посакуваниот трофеј, кој лани му се лизна од раце. Ојлески со осум гола беше прв стрелец, Симиќ со шест гола беше повторно најефикасен кај кавадарчани.
Вардар 1961 за противник во битката за место на Куп завршницата ќе го има тимот на Скопје, кој по голема битка го совлада Јуниор К.В со 26-28. Избраниците на Горан Кузманоски до победата дојдоа благодарение на головите на Мишевски и Грујовски. Првиот дел од оваа средба му припадна на условно кажано домаќинот, беше подобар со 15-12.
Во групата во Автокоманда Алкалоид ќе ги одмери силите со Вардар Неготино, мечот се игра утре.