Во првиот меч од 18.коло во нашата елитна лига, Работнички со 99:66 просто ја декласира екипата на Струмица за победа бр.10 во шампионатот.
Уште во првата четвртина се виде дека Работнички на овој меч нема намера да прави ништо друго освен да дојде до убелива победа. Ефикасен напад, добра одбрана, сето тоа резултираше со 37:12 по првите десет минути.
Во тој ритам се продолжи и во втората четвртина која беше добиена со 27:14.
И кога ќе се има таква разлика, тогаш нормално е дека Работнички како малку да се опушти, па така им дозволи на гостите од Струмица последната четвртина да ја добијат со 16:23, иако треба да се каже дека во третата четвртина во еден момент разликата беше и +40 поени 83:43.
Но на крајот резултатот гласеше 99:66.
Најефикасен кај победничкиот тим беше Џелатовиќ со 21 поени.