Масимилијано Алегри го стави на списокот на играчи на кои смета на утрешното мега – дерби со Интер и Никола Секулов, младиот фудбалер на клубот од Торино кој игра за младинската екипа на Јуве.
Познато е дека големиот талент играше за младинските селекции на Македонија, но сепак се одлучи да игра за Италија, а не за Македонија.
Е, сега, дали утре Секулов ќе добие минутажа на “Дербито на Италија“ кое се игра на “Меаца“ утре од 20.45 часот, останува да се види.