Утре ќе биде емотивно на “Максимир“: “Синиот воин“ – Аријан Адеми се збогува од Динамо!

988

По цели 13 години играње на “модрите“, иконата и легендата на Динамо Загреб, Аријан Адеми утре ќе се збогува од својот сакан тим. Македонскиот репрезентативец се сели во Кина, во тимот на Пекинг Гуан.

Токму поради тоа утре на “Максимир“ на мечот со Ријека, кој почнува од 17:30 часот ќе биде фешта.

Клубот со кого Адеми освои десетина трофеи и стана најтрофејниот фудбалер во историјата на клубот.

Сепак, сега е време за разделба, а ќе видиме што ќе донесе иднината.

Па така изработени се специјални маички во чест на Адеми, се очекува тука свој шмек да дадат и БББ, фановите на Динамо.

Македонскиот репрезентативец заслужи и тоа како вакво нешто.

Image

Па, само еден е “Воинот во сино“, персонификација на една дедеција и повеќе на една супер успешна кариера во синиот дрес.

Еден и единствен, Аријан Адеми.

ПретходноКУП НА МАКЕДОНИЈА: Алкалоид со цепелин, во режија на Џонов и Серафимов го реши Бутел Скопје (ВИДЕО)
СледноСекулов во составот на Јуве за мега – дербито со Интер! (ФОТО)