Борусија со шестка го поздрави Келн, Maрко Ројс стигна до 161 гол!

71

Борусија Дортмунд со 6:1 го совлада Келн во меч од 25 коло на Бундес лигата. За првпат сезонава „жолто-црните“ постигнаа четири гола во прво полувреме, а стрелци беа Гереиро, Але, Ројс и Мален за предност од 4:1.

Во второто полувреме Але и Ројс постигнаа голови за конечни 6:1 и продолжување на серијата на девет меча без пораз во германскиот шампионат.

Марко Ројс со денешните два гола стигна до бројката 161 гол за Дортмунд поминувајќи го Михаел Цорк на второто место на вечната листа на стрелци. Само Алфред Преслер има повеќе,  177 гола во 274 настапи во четириесеттите и педесеттите години на минатиот век.

Дортмунд е лидер со 53 бода пред Баерн кој има 52 но и меч помалку. Келн е во резултатска кризам, пет меча по ред не знае за победа (четири порази и едно реми).

 

ПретходноНов гол на Роналдо – „торпедо“ од голема далечина, голманот немоќен
СледноТоа ти се вика на погрешно место во погрешно време (видео)